Фото: Пиксабеј

Британскиот премиер Риши Сунак денеска изјави дека неговата земја ќе обезбеди тенкови „Челинџер 2“ и други артилериски системи за поддршка на Украина.

Сунак ветил помош по денешниот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, се вели во соопштението од канцеларијата на Даунинг стрит.

Во соопштението не е прецизирано кога и колку тенкови ќе бидат испорачани.

Британските медиуми, без да наведат извори, објавија дека четири од главните борбени тенкови „Челинџер 2“ на британската армија веднаш ќе бидат испратени во Источна Европа, а ќе следат уште осум.