Фото: Принтскрин

Британскиот министер за одбрана Бен Валас, во реакцијата на инцидентот над Црното Море, ја повика Москва да го почитува меѓународниот воздушен простор.

-Клучната работа овде е дека сите вклучени страни треба да го почитуваат меѓународниот воздушен простор и ги повикуваме Русите да го сторат тоа- изјави Валас за Ројтерс.

Валас додаде дека „Американците сметаат дека станува збор за непрофесионален чин“.

Вчерашниот инцидент над Црно Море е првиот физички контакт меѓу руски борбен авион и американски воен дрон од почетокот на војната во Украина пред повеќе од една година.

Русија, преку својот амбасадор во Вашингтон, соопшти дека инцидентот го смета за „провокација“.