Пентагон соопшти дека Украина сама одлучува кои цели да ги погоди, откако Кремљ претходно директно ги обвини САД за напад на Крим, за кој Москва рече дека бил извршен со проектили АТАКМС доставени од Вашингтон. Најмалку четири лица загинаа, а 151 лице беа повредени во нападот.
– Украина ги означува сопствените цели и спроведува свои воени операции – изјави портпаролот на американското Министерство за одбрана.
Претставник на Советот за национална безбедност на Белата куќа рече дека секоја загуба на цивилен живот е трагедија.
Според руските власти, во нападот врз Севастопол загинале најмалку две деца.
Русија соопшти дека оружјето користено во нападот било обезбедено од САД, а целењето и податоците за целта биле обезбедени од американски воени специјалисти.