Три лица загинаа откако мал авион од Данска се урна во Швајцарија доцна синоќа – јави ДПА.
Авионот се урнал во близина на куќи, но никој надвор од авионот не бил повреден – соопшти денеска швајцарската полиција во Граубинден.
Жртвите се претседателката на адвокатската фирма Хортен, уште еден долгогодишен адвокат во компанијата и нивниот син, соопшти фирмата за данската новинска агенција Рицау. Во авионот немало други луѓе.
Едномоторниот пропелер авион пристигнал во Швајцарија од Данска на 13 март и се враќал во Роскилде од аеродромот Самедан.
Две минути по полетувањето се урнал и целосно изгорел.
Причината за несреќата засега не е позната, а властите почнаа истрага.