Фото: пиксабеј

Три деца се пронајдени мртви денеска во близина на познатата патека на Кони Ајленд во Бруклин, Њујорк, а полицијата верува дека ги удавила нивната мајка, пренесува АП.

Телата на седумгодишно момче, четиригодишно девојче и тримесечно девојче биле пронајдени по речиси тричасовна потрага што започнала кога роднина повикала полиција, загрижена дека жената имала намера да ги повреди нејзините деца, пренесува медиумот.

Мајката била пронајдена 90 минути подоцна, боса и мокра, две милји подолу по патеката од делот Кони Ајленд каде што живеела.

Детективите се обидувале да ја испрашаат жената во локалната полициска станица.

– Таа не кажа ништо досега – рекол шефот на Њујорк ПД, Кенет Кори.

Потрагата по децата се интензивирала откако мајката била пронајдена сама.

Полицијата испратила хеликоптер и маринци.

– Напорите да се оживеат децата во блиската болница не успеаја – рекол Кори.

Полицијата не донела одлука со каква кривична пријава би можела да се соочи.

Телата на децата биле пронајдени на само три блока од станбената зграда во која живееле.

Мајката претходно не била пријавена кај властите за злоупотреба или занемарување на своите деца, според АП