Фото: пиксабеј

Тропската бура Офелија се очекува утринава да стигне до брегот на Северна Каролина, поради што се прогласени вонредни состојби во Северна Каролина, Вирџинија и Мериленд, соопшти американскиот Центар за урагани.

Во соопштението се наведува дека метеоролозите предвиделе дека бурата Офелија ќе предизвика поплави опасни по живот во источните делови на Северна Каролина и југоисточна Вирџинија.

Бурата засега има максимални постојани ветрови од 113 километри на час со повремени налети, но синоптичарите предвидуваат дека бурата ќе ослабне откако ќе стигне на копно во југоисточниот дел на САД, информира центарот за урагани.