Доналд Трамп, републиканскиот кандидат на претседателските избори во САД, денеска изјави дека би бил подготвен да признае пораз доколку изборите бидат фер.
– Ако ги загубам изборите, ако изборите бидат фер, јас ќе бидам првиот што ќе го признае тоа, мислам дека тоа би било фер – рече Трамп, додавајќи дека е многу уверен во својата победа.
Трамп додаде дека „републиканците имаат големо водство“.