Фото: Фејсбук

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска најави дека Пекинг мора одлучно да спречи секој обид за одвојување на Тајван од Кина.

На симпозиум по повод 130-годишнината од раѓањето на поранешниот кинески лидер Мао Це Тунг, Си рече дека татковината „мора и неизбежно ќе се обедини“, јави кинеската новинска агенција Синхуа.

Според официјалниот став на Пекинг, кој го поддржуваат повеќе земји, Тајван, кој има своја администрација, е еден од регионите на Народна Република Кина.