Фото: Игор Бансколиев/ Маја Јаневска-Илиева

Министерството за одбрана на Тајван денеска соопшти дека забележало 12 кинески авиони и пет бродови во околината на Тајван.

Во соопштението се наведува и дека е регистрирано нарушување на тајванскиот воздушен простор од пет кинески авиони.

Од посетата на високи американски претставници на Тајван, Кина ги интензивира воените вежби околу островот, што го смета за своја територија.