Фото: Фејсбук

Дејствата кои поттикнуваат конфликти и ги кршат меѓународните норми се „премногу чести“ и светот треба колективно да го отфрли менталитетот на Студената војна и блоковската конфронтацијата, се наведува во пишаната изјава на кинескиот претседател Си Џинпинг.

Тој исто така потенцира дека сите треба да го отфрлат унилатеризмот, протекционизмот и секој обид за вмешување на политиката и оружјето во економските и трговските односи.

Си ги повика и бизнис лидерите „активно да се вклучат“ во „реформите на Кина, напорите за отворање и модернизација и да придонесат за зајакнување на развојот и просперитетот на азиско-пацифичкиот регион и светот“.

Кинескиот претседател требаше да има говор на Форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во Бангкок, но поради недоразбирања за распоредот на обраќање, дел од учесниците го откажаа настапот.