Четворица од осомничените за вооружениот терористички напад врз посетителите во концертната сала „Крокус сити хол“, во предградието на Москва се странски државјани – соопшти денеска руското Министерство за внатрешни работи.
– Сите осомничени, кои се уапсени, се странски државјани – се наведува во соопштението, но во него не се прециизра нивната националност.
Руските медиуми и еден неименуван руски пратеник кажаа дека некои од осомничените се од Таџикистан, централноазиска држава која се граничи со Авганистам а во која е активна Исламска државам, органзиацијата која ја презеде одговорноста за синоќешниот напад во кој се убиени најмалку 143 лица.