Фото: ЕПА

Советот за безбедност на ОН гласаше за резолуцијата предложена од Малта која повикува на „итни и продолжени хуманитарни паузи и коридори“ низ Појасот Газа на „доволен број денови“.

За резолуцијата гласаа 12 членови, а три од постојаните членки на САД, Велика Британија и Русија беа воздржани.

Резолуцијата повикува на итно и безусловно ослободување на сите заложници кои ги држат Хамас и другите групи.

Исто така, бара сите страни да се придржуваат кон нивните обврски според меѓународното право и го повикува генералниот секретар на ОН да го следи и да известува за неговото спроведување.

Во меѓувреме израелските одбранбени сили (ИДФ), кои спроведуваат операција во болничкиот комплекс Ал-Шифа во Газа, соопштија дека откриле „оперативен команден центар, оружје и технолошки средства“ кои му припаѓаат на Хамас во установа за МРИ (магнетна резонанца).

Посочуваат дека во еден оддел нашле „технолошки средства, заедно со воена и борбена опрема“, а во друг „оперативен команден центар и технолошки средства“.

Во соопштението се наведува дека кога војниците влегле во болничкиот комплекс се судриле со одреден број членови на Хамас и ги убиле, без да се наведат детали.

ИД вели дека „продолжува да оперира внатре во болничкиот комплекс, притоа собирајќи разузнавачки информации и не нанесувајќи им штета на медицинските тимови и цивилите кои се засолнуваат таму“.