Снежна бура го зафати југоисточниот дел на американската сојузна држава Мичиген.
Висината на снегот на места е поголема од 20 сантиметри и предизвикува потешкотии во секојдневието во тој крај.
Најавено е дека невремето ќе продолжи, така што може да има и прекин на наставата во училиштата во регионот.
Предупредувањето за зимска бура издадено од Националната метеоролошка служба сега е на сила за окрузите Вејн, Ленави, Ваштенау, Макомб, Оукланд, Сент Клер, Санилак, Хјурон и Монро.