Фото: Пиксабеј

Бомбашките акции низ градот Кан Јунис кои го одбележаа вчерашниот ден, продолжија и во текот на ноќта.

Мали бегалски кампови и јавни објекти низ градот, немилосрдно биле цел на израелската артилерија, како и големиот воздушен напад што се случил во близина на болницата Насер, пренесе Алџезеира, повикувајќи се на „Ројтерс“.

Под воена опсада не е само болницата „Насер“, најголемата јавна установа, туку и болницата „Ал-Амал“, која е дел од добротворната организација која управува со здравствените установи низ Појасот Газа. Нејзиното седиште е во градот Кан Јунис.

Оваа болница изминатите неколку дена беше под опсада и сега е целосно вон функција.

Но, она што во моментов е навистина шокантно е фактот дека во близина на оваа болница има снајперисти. Стотици раселени Палестинци се сместени во болничките згради, а тие пукаат во нив доколку се обидат да ги напуштат зградите.