Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе присуствува на Самитот на БРИКС кој ќе се одржи во рускиот град Казан во октомври, јавија руските медиуми цитирајќи го кинескиот официјален претставник во Москва.
Самитот на БРИКС треба да се одржи од 22 до 24 октомври. На самитот ќе учествуваат и новите членки Обединетите Арапски Емирати, Египет, Иран и Етиопија.
Според дел од најавите, на годинешниов Самит се очекува да се дебатира и за ново проширување на организацијата.