Фото: принтскрин /твитер

Превртениот црвен триаголник стана новиот симбол на палестинскиот отпор. За прв пат се појави во видеата на Хамас за означување на цели како што се израелските тенкови, откако Израел започна копнена инвазија на Газа минатиот месец.

Црвениот триаголник се појавува во дизајнот на палестинското знаме и се користи од активисти и демонстранти ширум светот на пропалестинските собири и на Интернет, објави „Алџезеира“.

Портпаролот на арапскиот медиумски оддел на израелската армија го сподели ова видео во кое црвениот триаголник се користи за обележување на палестински цели.

Пораката на крајот од видеото „Нашиот триаголник е посилен од твојот, Абу Убајд“, што се однесува на портпаролот на военото крило на Хамас, наиде на критики од пропалестинските корисници.

– Го украдоа дури и црвениот триаголник. хаха! – стои во пораката на „Твитер“.

– ИД сега се обидува да ги копира видеата со црвениот триаголник на Хамас, но безуспешно, бидејќи не e чесно да се таргетираат детските одделенија за рак – пренесе „Алџезеира“.