Фото: Федерална Влада на Германија

Германија ќе продолжи воено и финансиски да ја поддржува Украина иако практично до максимум го испорача оружјето од сопствените резерви и сега работи со индустријата за вооружување, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, пренесуваат британските медиуми.

– Производителите на воена опрема изјавија дека можат брзо да го испорачаат и дека на Украина и е потребно противтенковско и противвоздушно одбранбено оружје – рече Шолц на прес-конференција по учеството на средбата со западните сојузници.

– Ќе ги обезбедиме потребните средства за купување. Целта е да се зајакне украинската војска за да може да го потисне рускиот напад – рече Шолц.

Запрашан дали Германија ќе и испорача на Украина тенковите од високата класа „Леопард“, Шолц кажа дека Берлин, како и неговите западни сојузници, заклучиле дека најлогично е на Украинците да им испорачаат оружје што веќе знааат да го користат.

– Сојузниците ги координираа испораките – рече тој.