САД воведуваат дополнителни санкции кон Русија, кои се насочени и кон соседна Белорусија, со цел да се одговори на воената операција на Путин во Украина, соопшти денеска Белата куќа.

– САД ќе ги преземат неопходните мерки за да ја ослабат воената моќ на Русија и нејзиниот одбранбен сектор во наредните години. Покрај тоа, руските авиокомпании ќе бидат спречени да летаат над воздушниот простор на САД и ќе бидат запрени најважните извори на богатство на Руската Федерација. Новите санкции ќе ја опфатат Белорусија – соопшти Белата куќа.

Министерството за трговија за Белорусија наметнало строга контрола на извозот во Русија, која стапила на сила на 24 февруари, како одговор на поддршката за Русија.

Овие контроли треба да го спречат извозот на технолошки производи и софтвер во одбранбениот, воздухопловниот и поморскиот сектор од Белорусија во Русија.

САД континуирано ги зголемуваат санкциите против Москва откако претседателот Владимир Путин ја започна воената операција врз Украина минатиот четврток. Белорусија им дозволи на руските трупи да ја користат нејзината територија како почетна точка за напади.