Фото: Министерство за одбрана на Русија

Русија почна да ги повлекува војниците распоредени на југот и западот на земјата, во близина на границата со Украина, назад во нивните постојани бази, соопшти Министерството за одбрана, без да даде точен број на повлечените сили, јави ДПА.

– Додека мерките за борбена обука се при крај, војниците, како и секогаш, ќе спроведат комбинирани маршеви до нивните постојани гарнизони. Единиците од јужниот и западниот воен округ кои ги исполнија своите задачи веќе почнаа да товарат опрема на железничките и автотранспортните средства, но и персонал, и денеска ќе почнат да се упатуваат кон нивните воени гарнизони“, појасни портпаролот – рече портпаролот на Министерството за одбрана Игор Конашенков.

Распоредувањето на војниците предизвика тензии меѓу Западот и Русија, кои дојдоа до ниво што не беше забележано од Студената војна. Москва соопшти дека нејзините војници учествувале само во легални воени вежби.

Но, демонстрацијата на сила ги поттикна стравувањата на Западот дека Русија подготвува инвазија на Украина со оглед на тоа што распореди над 100.000 руски војници во близина на границата со таа земја. Кремљ во повеќе наврати ги негираше таквите тврдења.