Руската армија вечерва без отпор влезе во украинскиот град Мелитопол, на југот од Украина, соопшти руското Министерство за одбрана.

-По амфибискиот напад во регионот на населбата Азов, во Украина, руските единици вмаршираа и влегоа во Мелитопол без отпор – се наведува во соопштението на руското Министерство за одбрана.

Би-би-си јавува дека на социјалните мрежи е објавена проверена видеоснимка на која се гледаат борбите во Мелитопол.