Генералот Валериј Залужни, врховен командант на вооружените сили на Украина, призна дека руските сили продолжуваат да напредуваат во Донбас, но рече дека ситуацијата е под контрола.
– Го информирав мојот колега за ситуацијата на фронтот. Таа е интензивна, но целосно контролирана – изјави Залужни по средбата со канадскиот генерал Вејн Доналд Ер.
Залужни додаде дека „непријателот продолжува да напредува по целата линија на фронтот. Во исто време, непријателот секојдневно извршува околу 700-800 гранатирања на нашите позиции, користејќи од 40 до 60.000 парчиња муниција“.
Таа проценка е во согласност со проценките на многу западни аналитичари за количината на муниција што ја користат руските сили, по релативното затишје на почетокот на јули.
– Главните напори на непријателот се концентрирани на потиснување на нашите војници од регионот на Донецк. Најинтензивна ситуација сега е на линијата Авдивка-Писки-Маринка – рече Залужни.
Тоа е борбен фронт западно од Донецк, долг 25 километри.
Антон Герашенко, советник на украинскиот претседател, сугерира дека во вчерашната експлозија на Крим биле уништени голем број руски авиони.е
Имено, Герашенко објави фотографија од сателит. Како што вели, станува збор за воездухопловната база на Крим каде вчера дојде до експлозија. На сликата, според Герашенко, има 24 руски воени авиони – 12 СУ-24М и 12СУ-25ЦМ.
– Ова е слика пред експлозијата. Со нетрпение ја очекуваме онаа од потоа – напиша тој на Твитер.