Русија не покани странски лидери на прославата на Денот на победата во Москва на 9 мај, бидејќи тој датум во годинава не е јубилеен, изјави денеска портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
– Не поканивме ниту еден странски лидер на Денот на победата. Факт е дека ова не е јубилеен датум. Ова е наш празник, ова е свет празник за цела Русија, за сите Руси. Но, не поканивме странски лидери – истакна Песков.
Тој додаде дека посетата на претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко не се очекува на 9 мај.
– Колку што знам, тој не планира посета – нагласи Песков.