Шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, оценува дека руските дејствија ја загрозиле европската безбедност, а двата нацрт-договори што Русија ги испрати до САД и НАТО влијаат на целата европска безбедносна архитектура.
– Европската Унија е целосно посветена на безбедноста во Европа заснована на клучните принципи на ненапаѓање и почитување на националниот суверенитет и територијален интегритет. Денеска европската безбедност е загрозена – се вели во соопштението на Борел.
Во писмената изјава, министерот за надворешни работи на ЕУ потсетува на дестабилизирачката улога за која тврди дека е нелегалната анексија на Крим, улогата на Русија во поттикнувањето на конфликтот во источна Украина, акциите во отцепените региони Јужна Осетија и Абхазија и поддршката на Москва за Александар Лукашенко вклучувајќи ја неодамнешната акумулација на руски војници на границата со Украина.
Борел повторува дека ЕУ, заедно со своите партнери и сојузници, јасно укажала дека решително ќе одговори на секое понатамошно кршење на суверенитетот на Украина.
Тој додава дека ЕУ, во исто време, верува дека дијалогот, преговорите и соработката се единственото средство за надминување на споровите и постигнување мир.
Го поддржал предлогот на НАТО да се одржи Совет НАТО-Русија како одговор на нацрт-европските безбедносни договори објавени од Русија минатата недела.
Шефот на дипломатијата на ЕУ заклучува дека НАТО има клучна улога во гарантирањето на мирот во Европа и дека ЕУ сака да работи заедно со своите сојузници во решавањето на актуелната безбедносна ситуација на европскиот континент.