Русија денеска ја обвини Украина дека со беспилотни летала ја гаѓала нуклеарна централа во руската погранична област Курск, но дека не е направена штета ниту е предизвикано зголемување на радиоактивноста.
– Вечерта на 26 октомври беше запрен нападот на три непријателски беспилотни летала врз нуклеарната централа Курск. Тој случај не влијаеше на работата на централата – наведе операторот на централата преку Телеграм.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека извршен е тој украински напад, без да прецизира дека целта била нуклеарната централа.