Фото: Илустрација/ Принтскрин

Русија ќе се обиде да ги извади остатоците од американскиот воен дрон што падна во Црното Море, изјави денеска секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев.

Во исто време, директорот на руската служба за разузнавање Сергеј Наришкин изјави дека постојат технички можности да се соберат остатоците од американскиот дрон.

Портпаролот на Белата куќа Џон Кирби претходно изјави дека САД преземаат мерки за да се осигури дека дронот што беше соборен над Црното Море не падне во „погрешни раце“.