Принтскрин/ МНР на Русија на Твитер

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, денеска на средба во Москва со претседавачот на Арапската лига Ахмед Абул Геит повика на брз прекин на конфликтот меѓу израелските вооружени сили и палестинското милитантно движење Хамас.

Лавров оцени дека Русија и Арапската лига можат да помогнат да се запре крвопролевањето меѓу Израелците и Палестинците.

– Денес планиравме да разговараме за сите аспекти од нашата интеракција и за агендата на претстојниот министерски самит на Русија и Арапската лига. Сепак, невидениот остар пресврт во палестинско-израелскиот конфликт уште еднаш потврди дека сегашната статус кво состојба во зоната на конфликтот едноставно е неодржлива, затоа мора да ја приспособиме нашата агенда – рече Лавров.

Според него, покрај прекинот на вооружените борби, неопходно е да се обрне внимание на причините поради кои со децении е невозможно да се реши палестинското прашање.

Претседателот на Арапската лига, Ахмед Абул Геит, исто така повика на прекин на борбите, предупредувајќи дека насилството ќе продолжи сè додека не се реши палестинското прашање.