Најмоќното и најразорното оружје е во служба на 25-тата подморничка дивизија на руската Тихоокеанска флота, а подготвеноста за негова употреба е на извонредно високо ниво – изјави главниот командант на Руската воена морнарица, адмирал Александар Моисеев.
– Ова е сосема ново ниво на технологија. Оружјето, пред сè, има најголема техничка сигурност. А подготвеноста за негова употреба е на исклучително високо ниво – рече адмирал Моисеев.