Фото: Принтскрин

Холивудскиот актер Роберт де Ниро на филмскиот фестивал во Кан зборуваше за улогата во филмот „Убијци на цветната месечина“ во режија на Мартин Скорсезе, а потоа го искритикува Доналд Трамп, пишува „Нешнал њус“.

Станавме свесни колку е опасен расизмот

Во споменатиот филм тој го игра сточарот и убиец Вилијам Хејл, кој во текот на 1920-тите се спријателил со Индијанците од племето Осага, а потоа го наредил нивното убиство за да им ја украде земјата богата со нафта.

– Не разбирам како можел да ги предаде. Сепак, по убиството на Џорџ Флојд, станавме свесни колку е опасен расизмот. Ова е баналноста на злото, нешто на што мора да внимаваме. Сите знаеме за кого зборувам, нема да го кажам неговото име – изјави Де Ниро.

Помислете колку е тоа лудо!

Сепак, по неколку секунди се премисли и реши да го критикува поранешниот претседател на Соединетите Американски Држави.

– Ситуацијата е иста како онаа со Трамп. Постојат луѓе кои мислат дека тој би можел добро да ја врши работата. Замислете колку е тоа лудо – додаде тој.

Инаку, покрај Де Ниро, во споменатиот филм глумат и Леонардо ди Каприо, Лили Гледстон, Џеси Племон и други. Филмот беше премиерно прикажан на годинешниов Канскиот филмски фестивал.