Бројот на луѓе што аплицирале за азил во Европска Унија минатата година, во услови на војна и конфликти низ светот, забележа значителен пораст. Германија добила најмногу барања за азил во 2021 година, вкупно 191.000, а потоа следуваат Франција, Шпанија и Италија. Земјите-членки на ЕУ примиле околу 648.000 барања за азил во 2021 година, што е еднакво на една третина повеќе во споредба со претходната година, соопшти Агенцијата за азил на Европската Унија (ЕУАА).
Најголемите број барања за азил, 117.000, се поднесени од државјани од Сирија, потоа 102.000 барања имало од Авганистанци, кои побегнаа од земјата откако талибанците ја презедоа власта во земјата минатиот август.
Според ЕУАА, околу 23.600 малолетни лица без придружба побарале азил, што е за две третини повеќе отколку во 2020 година.
Околу 70 отсто од апликантите биле мажи, а половина од сите апликанти биле на возраст меѓу 18 и 35 години.