Oleg Navalny
Фото: ЕПА

Распишана е потерница по братот на Алексеј Навални, јави руска државна новинска агенција. Објавено е дека против Олег Навални е отворена нова кривична постапка и дека руските власти трагаат по него.

Во 2021 година, Олег беше осуден на условна казна од една година затвор за кршење на ограничувањата за ковид. Тој беше осуден затоа што во јануари 2021 година ги повика Русите на социјалните мрежи да учествуваат на собир за Алексеј.

Обвинителите тврдеа дека собирот е прекршување на санитарните и епидемиолошките правила, што можело да доведе до ширење на болеста. Олег отпатувал за Кипар истата година и никогаш не се вратил во Русија, според извештаите.

Алексеј Навални почина на 16 февруари во регионот Јамало-Ненец на далечниот руски север, каде служеше затворска казна за измама, непочитување на судот и кршење на условната казна.