Фото: принтскрин

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин денеска изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „не е во позиција“ да бара Украина да ја прекине војната.

– Тој не е во позиција да ѝ диктира на Украина што треба да направат за да воспостават мир – изјави Остин за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.

Претходно денеска Путин изјави дека Украина мора да ги повлече своите трупи од целата територија на новите региони на Русија и да се откаже од намерата да влезе во НАТО за да започнат мировните преговори.