Фото: Принтскрин

Постоењето на Русија без суверенитет е невозможно, главна задача е нејзиното зајакнување, безбедноста на границите и обезбедувањето на правата и слободите на граѓаните, изјави рускиот претседател Владимир Путин на годишната прес-конференција – пренесе РИА Новости.

– За земја како Русија, постоењето на нашата земја без суверенитет е невозможно. Тоа едноставно нема да постои. Барем во формата во која постои денес и во која постоеше илјада години – рече Путин, сумирајќи ги година.

На прашањето кога ќе дојде мирот, Путин посочи дека конфликтот во Украина ќе заврши кога ќе се исполнат целите.

– Зборуваме за неутрален статус на Украина, денацификација и демилитаризација. Во Киев тврдеа дека таму нема нацисти, но кога шефот на администрацијата на Киев му аплаудира на поранешен војник на СС, зар тоа не е знак на нацификација – праша Путин.

Тој рече дека Русија во моментов има вкупно 617.000 војници кои се борат во борбените зони во Украина – пренесе „Ројтерс“.