Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки денеска изјави дека одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да ги стави националните сили за нуклеарно одвраќање во состојба на зголемена готовност е дел од „шемата за производство на закани што не постојат“.

-Ова е навистина моделот што го видовме од претседателот Путин во текот на овој конфликт, кој произведува закани кои не постојат за да се оправда натамошната агресија-изјави Псаки.