Вселенското летало ДАРТ на НАСА се судри со мала месечина на астероид, што претставува прво тестирање на техниката што еден ден би можела да се користи за да пренасочува опасни вселенски карпи што се движат кон Земјата

Вселенското летало ДАРТ (Тест за пренасочување два астероида), лансирано минатата година, се очекуваше ноќеска да удри во месечината Диморфос за да се обиде да ја промени својата орбита околу неговото родителско тело, астероидот Дидимос. Вселенското летало тешко 500 килограми, со големина колку количка за голф, намерно удри во месечината со брзина од 6,6 километри на секунда. Ова е прв обид да се пренасочи астероид со цел да се научи како да се заштити Земјата, иако овој конкретен астероид не претставува никаква закана.

Преносот во живо на НАСА беше предвидено да прикажува слики од камерата ДРАКО на ДАРТ, која е единствениот научен инструмент што го носи леталото. Сликите се праќаат на Земјата со брзина од една слика во секунда, а гледачите имаат можност во реално време да ги следат преку телевизијата на НАСА.

Во меѓувреме, мал сателит наречен „ЛИЧИЈА Кјуб“, лансиран со ДАРТ, исто така направи фотографии, од безбедна дистанца од местото на ударот. Таа снимка би требало да биде испратена на Земјата во наредните денови.