Дмитриј Песков/Фото: Кремљ

Преговорите со Киев врз основа на Истанбулскиот договор од 2022 година се можни само во формат на дијалог, изјави за новинарите портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

– Тоа е можно само во форма на дијалог, а подготвеноста за дијалог вчера ја потврди и рускиот претседател – рече Песков, а пренесе рускиот весник „Известија“.

Тој додаде дека Истанбулскиот договор може да биде основа за преговори со Украина, но за овие две години се појавиле голем број нови реалности.

– Се додека на украинскиот претседател Володимир Зеленски му се забранува да преговара со руската страна, да се разговара за деталите е несоодветно – нагласи портпаролот на Кремљ.