Фото: Пиксабеј

Голем пожар ја зафати зградата на „Известија“ на плоштадот Пушкин во Москва кој сега е изгаснат, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Неколку противпожарни единици биле испратени на местото на настанот кога пожарот избувнал утрово во 5 часот наутро.

Засега нема извештаи за жртви.

Зградата на „Известија“ била изградена меѓу 1925 и 1927 година, а во неа биле сместени печатницата и редакцијата на „Известија“ речиси 85 години, додека весникот не се преселил на нова локација во 2011 година. Реконструкцијата на историскиот дел од објектот заврши во 2018 година.