Фото: Пиксабеј

Холандскиот суд одлучи дека властите треба да издаваат визи на роднините на луѓето кои добиле статус на бегалци во земјата.

Највисокиот управен суд во Холандија тврдеше дека интересот на семејствата е поважен од оној на државата. Одлуката донесена вчера е во согласност со меѓународното право за обединување на разделените семејства.

Според новата политика, роднините на бегалците кои легално престојуваат во Холандија ќе добијат виза по 15 месеци или ако можат да докажат дека обезбедиле стан. Десничарската влада на премиерот Марк Руте како причина за мерката го наведе недостигот на станови за бегалците.