Шефот на воено – цивилната администрација на областа Запорожје, Евгениј Балицки денеска изјави дека потпишал указ за одржување референдум за присоединување на овој регион кон Русија.
– Потпишувам налог до Централната изборна комисија за почеток на подготовки за референдум за обединување на регионот Запорожје со Русија, информираше Балицки на форумот „Заедно со Русија“ – јавија руски медиуми.
Резолуцијата за одржување референдум ја прочита членот на главниот совет на воено – цивилната администрација на регионот Запорожје, Владимир Рогов. Претходно, тој нагласи оти жителите на регионот Запорожје и Русија се еден народ.