Фото: Игор Бансколиев/илустрација

Полскиот вицепремиер Јарослав Качински изјави дека полската влада одлучила да ја зајакне источната граница на земјата поради присуството на руската паравоена група Вагнер во Белорусија.

Говорејќи по состанокот на комитетот за безбедност, Качински, кој е и шеф на полската владејачка партија Право и правда, рече дека можеби има 8.000 борци од групата „Вагнер“ во соседната земја.

– Затоа беа донесени одлуки за зајакнување на одбраната на источната граница на Полска – рече тој, пренесе „Анадолија“.

Тој објасни дека мерките ќе вклучуваат зајакнување на полските сили стационирани во близина на границата и градење бариери во регионот.