На московските гробишта Борисов денеска е закопан рускиот опозиционер Алексеј Навални.
Додека се спушташе ковчегот со Навални свиреше песната на Френк Синатра „Мај веј“ (My Way).
Насобраните граѓани кои му оддаваа последна почит на Навални извикуваа „Нема да те заборавиме“ и „Прости ни“.
За време на погребот, руската полиција почна да ги приведува луѓето кои извикуваа пароли против рускиот претседател Владимир Путин.