epa13194418 (FILE) - Ratko Mladic prior to the pronouncement of the Appeal Judgment at the International Residual Mechanism for Criminal Tribunals (IRMCT) in The Hague, The Netherlands, 08 June 2021 (reissued 27 August 2026). Former Serbian general Ratko Mladic who was convicted of war crimes by the ICTY in 2017 died on 27 August 2026 at the age of 84. EPA/JERRY LAMPEN *** Local Caption *** 56951535
Фото: ЕПА

Поранешниот генерал на Армијата на Република Српска, Ратко Младиќ, почина на 84-годишна возраст во притворската единица на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови во Шевенинген, објавија српските медиуми.

Веста за смртта на генералот ја потврди неговото семејство, пренесе „Јуроњуз Србија“.

Поранешниот врховен командант на Главниот штаб на Армијата на Република Српска беше осуден од Хашкиот трибунал на доживотен затвор за воени злосторства. Неговото судење, кое започна во мај 2012 година, откако беше уапсен по 14 години криење под лажно име, резултираше со првостепена пресуда на 22 ноември 2017 година. Оваа обемна првостепена пресуда, напишана на 2.527 страници, го прогласи Младиќ за виновен по 10 од вкупно 11 точки од обвинението.

Генералот Младиќ доживеа повеќе мозочни удари, по што неговата состојба, која и претходно беше многу лоша, дополнително се влоши. Семејството и лекарите повеќепати предупредуваа за состојбата во која се наоѓаше генералот и бараа негово пуштање од затвор за понатамошно лекување, но сите такви барања беа одбиени од страна на надлежните органи во Хаг.

Претходно, претседателката на Механизмот за меѓународни кривични трибунали, Грасиела Гати Сантана, го отфрли барањето на одбраната на поранешниот командант на босанските Срби, Ратко Младиќ, за негово предвремено ослободување од хуманитарни причини, објави Радио Слободна Европа.

Одбраната на Младиќ на 18 август побара тој да биде ослободен и префрлен во болница или установа за палијативна нега во Србија поради лошото здравје, ризикот од непосредна смрт и желбата да помине повеќе време со семејството. Во својата одлука, судијката Гати Сантана посочи дека хуманитарните причини не оправдуваат вака исклучителна мерка, истакнувајќи дека Младиќ ја добива потребната медицинска нега во Хаг и има редовен контакт со блиските.