Фото: Кремљ

Се уште сме на почетокот на ова патување. Утрешните преговори со Вашингтон ќе бидат тешки. Главен приоритет на Москва е можното продолжување на договорот за безбедна пловидба на трговските бродови низ Црното Море, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песко,в за руската државна телевизија пред одвоените преговори меѓу САД, Украина и Русија во Саудиска Арабија за прекин на огнот во Украина.

Неговите изјави доаѓаат по минатонеделниот телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Белата куќа по повикот објави дека двајцата лидери се согласиле дека „движењето кон мир ќе започне со прекин на огнот во областа на енергетската и инфраструктурната мрежа“, по што ќе следат преговори за „поморски прекин на огнот во Црното Море, целосен прекин на огнот и траен мир“.

Во Ријад денеска почна средбата САД – Украина, а следна на агендата е средбата на претставници на САД и Русија. Според официјалната агенда, не се планирани директни средби на украинските и руските претставници во Ријад.