Фото: Пиксабеј

Пентагон издаде наредба за итна глобална пауза на сите објави на социјалните мрежи, освен оние поврзани со воената операција на јужната граница, објави „Фокс њуз“.

Наредбата, одобрена од американскиот претседател Доналд Трамп, ќе остане во сила додека не се потврди новиот секретар за одбрана и не донесе спротивна одлука.

Паузата ќе трае неколку дена, додека не се издадат упатства за сите воени и цивилни вработени задолжени за социјалните мрежи.

Најавите ќе се фокусираат само на теми поврзани со „подготвеноста и способноста за време на војната“, соопштија претставници на Пентагон.

Паузата се однесува само на социјалните медиуми, додека соопштенијата за медиумите и информациите за тековните воени операции ќе продолжат да бидат достапни преку официјалните владини веб-страници. Мрежите нема да се исклучат ниту претходните објави ќе бидат отстранети.