Папата Франциск на својот Твитер налог објави антивоена порака на украински, руски и англиски јазик, велејќи дека „секоја војна го остава нашиот свет во полоша состојба отколку што бил претходно“.
– Војната е неуспех на политиката и човештвото – додаде тој, нарекувајќи ја „срамна капитулација, остар пораз пред силите на злото“.