Фото: Принтскрин/Јутуб - „Саут чајна морнинг пост“

Третиот меѓународен стратешки форум „Појас и пат“ беше отворен денеска во Пекинг, на кого присуствуваат претставници од повеќе од 130 земји и 30 меѓународни организации.

Самитот со воведен говор го отвори претседателот на Народна Република Кина, Си Џинпинг, а потоа обраќања имаа и претседателот на Русија, Владимир Путин, претседателот на Казахстан, Касим Џомарт Токаев, претседателот на Индонезија, Јоко Видодо.

На Форумот ќе се обратат и претседателот на Аргентина, Алберто Фернандез, премиерот на Етиопија, Аби Ахмед и генералниот секретар на Обединети нации, Антонио Гутереш.