Принтскрин / Н1

Осум лица загинаа при уривање на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, изјави министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, кој изјави и дека спасувачката акција се уште трае. Под урнатините има и девојка од 14 години, која се обидуваат да ја извлечат заедно со уште една жена, додаде тој.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица.

Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани кои чекале градски автобус.

Несреќата се случила денеска нешто пред 12 часот. Голем број амбулантни возила се на терен. Има багери и тешка механизација, кои се обидуваат да го расчистат паднатиот дел од настрешницата на зградата. На терен се и пожарникари, Жандармерија…

Инаку, оваа зграда за прв пат беше реновиран во периодот од 2021 до 2022 година, а по неколку месеци повторно започна реновирањето на истата зграда на станицата. Официјално беше отворена на 5 јули годинава.