Фото: Герман Галушченко/Твитер

Украинскиот министер за енергетика Герман Галушченко изјави дека од почетокот на руската воена интервенција, половина од целиот енергетски систем на Украина е оштетен.

Галушченко рече дека досега се потврдени 271 удар на енергетски објекти во Украина и дека има објекти кои се целосно уништени и не можат да се обноват, пренесува „Униан“.

Тој изјави дека во Украина се спроведува најголемата кампања за ремонт во историјата, бидејќи е неопходно да се врати системот во најголема можна мера пред почетокот на грејната сезона.

Светската банка ги процени загубите за украинската енергија на 11 милијарди долари, но Галушченко рече дека таа бројка не е конечна, бидејќи продолжуваат нападите на руските сили врз енергетските капацитети.