Украинската нуклеарна централа Запорожје е исклучена од електричната мрежа откако во руско гранатирање оштетени се преостанатите високонапонски водови, оставајќи во употреба само дизел генератори, соопшти денеска украинската државна нуклеарна компанија Енергоатом.
Украинскиот нуклеарен оператор објави дека централата има залихи од гориво за генераторите уште 15 денови.