Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го задолжи Институтот за разузнавање и специјални задачи – познат како Мосад – да изврши атентат над највисокото раководство на Хамас

Седум недели по бруталниот напад од страна на Хамас, на 23 ноември 2023 година, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го задолжи Институтот за разузнавање и специјални задачи – познат како Мосад („институт“ на хебрејски јазик) – да изврши атентат над највисокото раководство на Хамас.
На заедничката прес-конференција во Тел Авив со членовите на воениот кабинет, министерот за одбрана Јоав Галант и министерот без ресор Бени Ганц, Нетанјаху рече дека му наредил на Мосад да ги гаѓа шефовите на Хамас „каде и да се тие“.
Галант рече дека водачите на терористичката организација „живеат со позајмено време. Борбата е низ светот. Од вооружените лица на теренот до оние што уживаат во луксузни авиони додека нивните емисари дејствуваат против жени и деца – сите тие се предодредени да умрат“.
Лидерите на Хамас ги вклучуваат шефот на политичкото биро на терористичката организација Исмаил Ханије; началникот во Газа, Јахја Синвар; командант на „военото крило“ Мохамед Деиф; заменик-командантот Марван Иса; заменик-политичкиот водач Салех ал Арури и поранешниот шеф на политбирото Калед Машаал, претседател на политичкото биро на Хамас.
Салех ал Арури (57) беше убиен во напад со беспилотно летало во јужен Бејрут минатиот вторник, заедно со уште шестмина припадници на Хамас.