НАТО отвори нов центар за да помогне во заштитата на подморските цевководи и кабли по сè уште нерешениот наводен напад на гасоводите „Северен тек“, пишува Скај њуз. Овој потег доаѓа во услови на загриженост дека Русија мапира витална западна енергетска и интернет инфраструктура во водите низ Европа.
„Заканата се развива“, рече генерал-полковник Ханс-Вернер Вирман, кој раководи со специјалната ќелија фокусирана на предизвикот, откако министрите за одбрана на НАТО дадоа зелено светло за новиот центар, лоциран во Нортвуд, северозападен Лондон.
– Руските бродови активно ја мапираа нашата критична подводна инфраструктура. Постои зголемена загриженост дека Русија би можела да ги таргетира подморските кабли и друга критична инфраструктура во обид да го наруши животот на Западот – изјави тој за новинарите во седиштето на НАТО во Брисел.